İhvan Radoykov
16 Март 2018•Ажурирај: 17 Март 2018
СОФИЈА (АА) - Себастијан Курц, австрискиот премиер рече дека безбедноста е едно од најважните прашања на кое неговата земја тесно ќе биде поврзана со Бугарија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Особено се важни прашањата на надворешните граници и нелегалната миграција", изјави Курц, на прес-конференцијата по средбата во Софија со премиерот Бојко Борисов.
Тој изрази благодарност до Борисов за како што рече, напорите кои ги прави во оваа насока.
„Пријателу, благодарение на твоите напори, бранот мигранти во голема мера е запрен", рече Курц.
Тој нагласи дека Австрија го поддржува членството на Бугарија во Шенген зоната, додавајќи дека ниту една друга земја во Европската унија (ЕУ) не дава толку значаен придонес во поглед на заштита на надворешните граници.
Тој потсети дека неговата земја, по Бугарија, во јуни ќе го преземе претседавањето со ЕУ, истакнувајќи дека планот на Австрија да ја направи Европа уште посилна.
Борисов потсети дека сите во Европа ја фалат неговата земја, која во голема мера успеа да го спречи мигрантскиот бран.
„Неопходно е да ги заштитиме надворешните граници, со цел да се зачува благосостојба. Во оваа смисла, и дипломати треба да се преземат нешто за војните во светот да престанат", рече бугарскиот премиер.