Betül Yürük
23 Септември 2017•Ажурирај: 24 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека е неприфатливо започнувањето на војна на корејскиот полуостров, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров зборуваше на прес-конференцијата, организирана во рамките на 72. заседание на ОН во Њујорк.
„Неприфатливи се двостраните закани кои траат и покренувањето на војната на корејскиот полуостров. Мораме да го ублажиме гневот", изјави Лавров, запрашан за зголемувањето на тензиите меѓу САД и Северна Кореја до кои дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „во потполност ќе ја уништи Северна Кореја."
Рускиот министер заканувачките изјави на Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг ун ги нарече „кавга на деца од предшколска возраст“.
Се смета дека одредени неутрални европски земји би можеле да имаат уога на посредник во решавањето на кризата со Северна Кореја.
Запрашан за тоа дали повторно ќе бидат отворени преговорите за нуклеарниот договор со Иран, Лавров изјави дека Русија не сака повторно да разговара за нуклеарниот договор.
Тој се осврна и на случувањата во Сирија и изјави дека приоритет претставува ставање крај на тероризмот во Сирија и дека за тоа е потребна соработка на САД и Русија.
„Не смееме да дозволиме поделба на Сирија, поделбата на Сирија ќе се одрази на целиот Блиски исток“, изјави Лавров.
Заборувајќи за израелско-палестинското прашање, Лавров изјави ддека е загрижувачки проблемот кој не е решен речиси 70 години.
„Палестинците сеуште немаат држава“, потсети Лавров.