Hakan Ceyhan Aydoğan
07 Април 2017•Ажурирај: 07 Април 2017
МОСКВА (АА) - Денес, по повод американското ракетирање на воената воздухопловна база на режимот на Асад во Сирија, министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, изјави дека се работи за агресија врз основа на претходно подготвен изговор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лавров изјави дека ракетирањето на базата во Сирија потсетува на окупацијата на Ирак.
Русија денес го суспендираше договорот со САД за спречување на инцидентите и за безбедност на летовите над Сирија.
Според соопштението на Пентагон, воздухопловната база Шајрат е погодена со 59 проектили „томахавк“, утринава околу 5.00 часот по локално време. Проектилите се лансирани од американските бродови со дострел до погодената база. Пентагон наведе дека им е познато оти во базата има и руски војници и дека Русија во текот на денот била известувана за нападот.