Ekipa
06 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Либиската Армија денес го ослободи подрачјето на Вади Вишка, во близина на источниот либиски град Сирте, од милициите на Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите сили успеаја да преземат контрола врз подрачјето на Вади Вишка и напредуваат кон Буерат, оддалечен 95 км од Сирте“, изјави за АА Ибрахим Беит ал-Мал, портпарол на либиската Армија.
Претходно денес, либиската Армија започна воена операција наречена код „Патот на победата“, за заземање на градовите Сирте и Џуфра, како и населените места Вади Вишка, Буерат, Џариф и Каср Абу Хаид од силите на Хафтар.
Вчера, либиската Армија го ослободи стратешкиот град Тархуна - последното упориште на Хафтар во западна Либија.
Силите на Хафтар од април 2016 изведуваат напади врз меѓународнопризнатата либиска Влада со седиште во главниот град Триполи, при што во судирите загинаа над 1.000 лица.
Владата ја започна операцијата „Бура на мирот“ во март за да се спротивстави на нападите врз главниот град, а неодамна поврати стратешки локации, меѓу кои и воздухопловната база „Ал-Ватија“ и Тархуна, што се смета за значаен удар врз милициите на Хафтар.