Mücahit Aydemir
02 Септември 2020•Ажурирај: 03 Септември 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Откриена е уште една масовна гробница во градот Тархуна, кој либиската Армија го ослободи од Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили од истокот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Абдулазиз ал Џафери, одговорен за односи со медиумите на Агенцијата за пребарување и откривање, поврзана со либиската Влада, во изјавата за дописникот на АА рече дека екипите на Агенцијата откриле уште една масовна гробница во градот Тархуна.
„Вкупниот број на тела во гробницата сè уште не е утврден. Екипите досега пронајдоа две мртви тела“, нагласи Џафери.
Како дел од операцијата „Бура на мирот“ започната на 25 март, либиската Армија на 3 јуни ја презеде контролата над сите административни граници на главниот град Триполи, а градот Тархуна го ослободи на 5 јуни.
Либиските власти соопштија дека откриени се 11 масовни гробници во и околу градот Тархуна, кои милициите на Хафтар го користеа како центар за операции за време на нивниот 14-месечен напад врз главниот град Триполи.