1 23
03 Октомври 2022•Ажурирај: 04 Октомври 2022
ТРИПОЛИ (АА) - Либиските власти објавија дека откриле 42 неидентификувани тела во масовните гробници во северниот крајбрежен град Сирт, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералната управа за истражување и идентификација на исчезнати лица соопшти дека добила известување од канцеларијата на локалниот обвинител за масовна гробница пронајдена во училиштето Ибн Калдун во областа Џиза ал-Бахрија.
Се вели дека 42 неидентификуваните тела биле ексхумирани во текот на две недели работа во училиштето.
Телата биле однесени во болница за да се земат примероци од коските, по што подоцна биле закопани, се вели во соопштението.
Се верува дека телата им припаѓаат на луѓе убиени од терористичката група ДЕАШ која повеќе од една година го контролираше градот од август 2015 до декември 2016 година.
Откривањето на масовни гробници е вообичаена појава во Либија разурната од војна, особено околу градот Тархуна, кое е поранешно упориште на воениот лидер Калифа Хафтар.
Според либиски официјални извори, силите на Хафтар и милициите поврзани со него, извршиле воени злосторства и акти на геноцид во периодот од април 2019 година до јуни 2020 година.