Zeynep Tüfekçi
10 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
ТРИПОЛИ (АА) - Во отворените води во главниот либиски град Триполи фатени се 279 илегални мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на поморските сили при Владата на национално единство, Ејуп Касим, во изјава за АА истакна дека извршени се две операции во отворено море кај Триполи, при што биле пронајдени три гумени чамци.
Касим информираше дека во операцијата се фатени 279 мигранти со потекло од регионот на Африка и Бенгал, меѓу кои деца и жени, кои се обидувале илегално да преминат во странство.
Во претходното соопштение на Поморските сили на Либија беше наведено дека во 2017 година биле спасени околу 16.000 илегални мигранти.
Голем број мигранти од Африка кои поради судирите и безбедносните проблеми бо нивните земји сакаат да пристигнат во Европа, ја користат либиската рута.