Betül Yürük
09 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Постојаниот претставник на Либија во Обединетите нации (ОН), Тахир ес Суни, изјави дека фатени се 120 платеници од Судан кој се обиделе да се инфилтрираат во Либија, и ја повика Русија да ги повлече своите платеници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на сесијата за Либија во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), Суни ја критикуваше меѓународната заедница за молкот за нападите што ги започна Калифа Хафтар за заземање на Триполи.
Посочувајќи дека има платеници од Судан, Чад и Сирија од руската група „Вагнер“ кои се борат за Хафтар во Либија, Суни изјави дека овие борци се обидуваат да ги преземат нафтените полиња.
Тој се заблагодари на суданската влада, која пред неколку дена фати повеќе од 120 лица кои се обиделе да се инфилтрираат во Либија како платеници, и упати повик и до Русија, која тврди дека нема војници во Либија:
„Можеби немате војници во Либија, но групата „Вагнер“ користи платеници од различни нации, вклучително и руски државјани. Ве замолуваме да преземете акција и да ги повлечете вашите граѓани.“