Ömer Koparan
07 Август 2024•Ажурирај: 08 Август 2024
ДЕИР ЕЗ-ЗОР (АА) - Во покраината Деир ез-Зор во источниот дел на Сирија на повеќе места има судири меѓу локалните арапски племиња и терористите на ПКК-ЈПГ поддржани од Соединетите Американски Држави, јавува Анадолу.
Арапските племиња се под постојан притисок во регионите окупирани од терористите на ПКК/ЈПГ во Деир ез-Зор.
Репортерот на Анадолу јави дека од утринава има судири на девет локации во источните и југоисточните периферии.
Арапските племиња ги нападнаа таканаречените патни контролни пунктови и штабови на терористите на ПКК/ЈПГ во Бусајра, Ибрехије, Елхариџе, Тајане, Абу Хамам, Газаниџ, Кешкије, Зибан и Елатва.
Во Деир ез-Зор и претходно имаше судири меѓу арапските племиња и терористите на ПКК/ЈПГ.
Терористите на ПКК/ЈПГ добиваат поддршка од САД под превезот на соработка во борбата против терористичката организација ДЕАШ. Со оваа поддршка терористите на ПКК/ЈПГ го окупираа Деир ез-Зор, кој целосно е населен со Арапи.
Терористите присилно ги носат арапските малолетници во своите кампови во регионот богат со нафта, во Источна Сирија.
Терористите на ПКК/ЈПГ ги финансираат своите терористички активности со приходот од запленетата нафта што ѝ ја шверцуваат на администрацијата во Дамаск и покрај американските санкции, а жителите од тој регион се лишени од сите јавни услуги и помош.