Muhammed Emin Canik
08 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
КАРАКАС (АА) - Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, соопшти дека од утре ќе биде отворена венецуелско-колумбиската граница во Тачира, која е затворена од 22 февруари, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Наредив да се отвори нашата граница со Колумбија во Тачира. Ние сме народ кој цврсто го зачувува нашето право за независност и определувањето на нашата судбина“, напиша Мадуро на социјалните мрежи.
Владата на Мадуро, ден пред 23 февруари, кога опозицијата под водство на Хуан Гваидо, кој се прогласи за привремен претседател на државата, се обиде во земјата да ја внесе хуманитарната помош на САД за Венецуела, донесе одлука за затворање на границата со Колумбија.
Мадуро рече дека оваа одлука е донесена поради, како што рече тој, сериозни и илегални закани на Колумбија.