Ekipa
12 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
ПАРИЗ (АА) - Претседателот Емануел Maкрон ќе ги посети француските острови на Карибите погодени од ураганот Ирма, каде што населението ја критикуваше Владата дека не правила доволно за да се подготви за бурата, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионот на францускиот претседател Емануел Maкрон носи вода, храна, тони лекови и неопходна опрема.
Францускиот претседател прво ќе го посети Гвадалуп, потоа ќе оди на Сен Мартин, каде што ќе се сретне со жителите, а на крајот ќе го посети островот Свети Вартоломеј.
Макрон е придружуван од лекари и стручни лица, одговорни за процена на штетата. Сен Мартин е еден од најтешко погодените острови од ураганот Ирма, каде што загинаа десет луѓе.
Околу 1.500 војници, полицајци и припадници на службите за итни случаи на теренот им помагаат на жителите на островот, а според француските власти, во наредните денови се очекуваат да пристигнат уште 500 луѓе.