Yusuf Özcan
07 Февруари 2020•Ажурирај: 10 Февруари 2020
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател, Емануел Макрон, соопшти дека Франција поседува помалку од 300 нуклеарни боеви глави, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Макрон на Воената академија во Париз говореше за одбранбената стратегија на Франција.
Тој рече дека европските земји треба да поседуваат заедничка меѓународна агенда во врска со контролирање на наоружувањето.
Истакна дека неговата земја поседува помалку од 300 нуклеарни боеви глави.
Францускиот претседател изрази убедување дека безбедноста на Европа на долг рок поминува низ воспоставување силно сојузништво со САД.