Pizaro Gozali Idrus
16 Август 2021•Ажурирај: 19 Август 2021
ЏАКАРТА (АА) - Малезискиот крал ја прифати оставката на премиерот Мухидин Јасин и му порача да продолжи да биде на функцијата привремено додека не биде назначен негов наследник, објави денес Кралската палата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мухидин Јасин беше премиер со најкраток период на функцијата, заминувајќи по нешто повеќе од 17 месеци, по судирите во владејачката коалиција Перикатан насионал (PN).
„По неговата оставка, неговото Височество [кралот Султан Абдулах Ахмад Шах] се согласи Мухидин Јасин да ги извршува своите должности како привремен премиер до назначувањето нов премиер“, стои во соопштението на Палатата.
Претходно истиот ден, министерот потврди дека Мухидин и неговиот кабинет ја поднеле својата оставка до монархот.
„Ви благодарам за можноста уште еднаш, што ѝ служевте на нацијата. Нека Бог ја благослови Малезија“, рече Каири Џамалудин, министер за наука, технологија и иновација, во својата објавата на Инстаграм.