Ekipa
02 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
МАНЧЕСТЕР (АА) - Британската полиција објави дека осомничениот за убиство на три лица во нападот со ладно оружје на 31 декември во Манчестер е притворен во согласност со Законот за ментално здравје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Манчестер, во соопштение објавено синоќа, наведе дека 25-годишниот маж е уапсен на местото на злосторот и е проценет од страна на лекар пред донесување на одлуката.
Полицијата го третира нападот како терористички инцидент. Истакнуваат дека истрагата е во тек и не веруваат дека има соучесници вклучени во нападот.
Идентитетот на осомничениот не е објавен. Обвинет е за убиство на три лица, меѓу кои и полициски наредник, на железничката станица во Манчестер во понеделникот вечерта. Две жртви на нападот се повредени и сè уште се во болница.