Erbil Başay
03 Февруари 2019•Ажурирај: 04 Февруари 2019
БЕРЛИН (АА) - Министерот за надворешни работи на Германија, Хеико Мас, изјави дека предлогот е на масата, доколку Британците сакаат да избегнат Брегзит без договор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мас за медиумската групација „Funke“ потсети дека е постигнат договор за Брегзит помеѓу Велика Британија и 27-те земји членки кои ќе останат во Унијата.
„Сега“, рече министерот, „ред е на Велика Британија.“
„Доколку Британците сакаат да спречат Брегзит без договор, нашиот предлог е на масата. Ние преговаравме за праведен договр за Брегзит“, рече Мас.
Запрашан дали Британците се надеваат дека ќе останат во ЕУ, Мас истакна дека би го сакал тоа.
„Но не смееме да дозволиме да нѐ обземе илузија. Исклучително е мала можноста за откажување од Брегзит“, појасни Мас.
Тој додаде дека е тажно тоа што Велика Британија ја напушта Европската Унија (ЕУ).
„Тоа е голема загуба. Но Британците така одлучија и тоа мораме да го почитуваме“, рече Мас.
Смета дека границата меѓу Северна Ирска и Ирска не би требало да биде остра, но дека не смее да се дозволи ниту дигање тензии.
На крајот додаде дека од Велика Британија очекуваат предлози кога станува збор за Брегзит.