Emre Gürkan Abay
31 Декември 2019•Ажурирај: 02 Јануари 2020
МОСКВА
Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, истакнувајќи дека на преговорите за природен гас меѓу Русија и Украина сите проблеми се решени, нагласи: „Договорот за гас потпишан со Украина, кој ги опфаќа следните 5 години, беше жртва што требаше да се постигне“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Медведев во писменото соопштение пренесено преку социјалната мрежа „Фејсбук“ го оцени договорот за природен гас, потпишан вчера меѓу Русија и Украина.
Наведувајќи дека руската Влада и руската енергетска компанија „Гаспром“ напорно работеа на решавање на проблемите со природниот гас со Украина, Медведев рече: „Со Украина имавме и билатерални разговори и разговори каде што присуствуваше и Европската комисија. Сега сите проблеми се решени, заемните побарувања за надоместоци се стопирани.“
Медведев рече дека трансферот на гас преку Украина ќе продолжи под услови што ги задоволуваат сите страни.
„Договорот за гас потпишан со Украина, кој ги опфаќа следните 5 години, беше жртва што требаше да се постигне. Овој договор покажува дека дури и за најтешките прашања може да се преговара“, додаде Медведев.
Претседателот на „Гаспром“, Алексеј Милер, во изјавата дадена вчера рече дека Украина и Русија потпишале договор за продолжување на договорот за транзит на природен гас.
Според договорот, во првата година 65 милијарди кубни метри гас ќе се транспортираат преку Украина, а во наредниот период годишно ќе се трансферираат 40 милијарди кубни метри гас руски гас.