Emre Gürkan Abay
27 Февруари 2017•Ажурирај: 27 Февруари 2017
МОСКВА (АА) – Премиерот на Русија, Димитри Медведев истакна дека пазарот на труд во државата е стабилизиран и дека не постои проблем со невработеноста, јавува Anadolu Agency (AA).
„Го надминавме прашањето на невработеноста. Во Русија не постои проблем со невработеноста. Поради демографскиот колапс во 90-тите години, се соочуваме со тешкотии во врска со квалификуваните работници“, нагласи премиерот Медведев.
Рускиот премиер Медведев во својот говор на Форумот за инвестиции, кој беше организиран во рускиот град Сочи, истакна дека пазарот на труд во државата веќе е стабилизиран.
Премиерот Медведев нагласи дека тие, како руска Влада, подготвиле среднорочен план за најефикасно користење на постојаните човечки ресурси во државата. Тој рече дека на рускиот пазар на трудот сакаат да привлечат странски квалификувани експерти.
Медведев ги повика институциите и компаниите повеќе да придонесат за економскиот раст на државата.
„Потребно е повеќе да се бориме за секој процент на раст. Економијата на државата што во иднина ќе им ја оставиме на нашите деца, не треба да остане зад светската економија“, истакна рускиот премиер.
Според информациите на руската Федерална статистичка служба (РОССТАТ), нивото на невработеноста во јануари оваа година пораснало за 0,3 поени, и сега изнесува 5,6 отсто. Моментално, бројот на невработените во Русија достигна до бројката од 4.300.000 лица.