Elena Teslova
17 Февруари 2025•Ажурирај: 17 Февруари 2025
МОСКВА (АА) - Руски дневен весник тврди дека средбата Русија - САД за Украина ќе се одржи утре (18 февруари) во Саудиска Арабија, додека американските медиуми објавија дека Киев не бил поканет да учествува на средбата, пренесува Анадолу.
Рускиот дневен весник „Комерсант“ вчера со линк до свои извори во Кремљ објави дека руската официјална делегација ќе ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, а американскиот преговарачки тим ќе биде предводен од државниот секретар Марко Рубио.
Во американскиот тим, наводно, ќе бидат и советникот за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот претставник за Блискиот Исток, Стив Виткоф.
Во меѓувреме, американските медиуми јавија дека украинските власти или не биле поканети или не сакале да учествуваат на состанокот.
Минатата среда, рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп во телефонскиот разговор се договорија да организираат состаноци за решение за Украина што е можно поскоро.
Ставањето крај на тековната војна меѓу Москва и Киев беше дел од претседателска изборна кампања на Трамп.