Erbil Başay
06 Февруари 2022•Ажурирај: 07 Февруари 2022
БЕРЛИН (АА) - Украина ѝ испратила на Германија листа со оружје што го сака од неа, објавија германските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмото што украинската Амбасада во Берлин му го предала на германското Министерство за надворешни работи, и копијата до Министерството за одбрана, се наоѓа листа со оружје што Украина го очекува од Германија, пишува германскиот весник „Зиддојче цајтунг“.
Нагласено е дека оружјето во писмото е побарано за одбранбени цели и дека барањето поради тензичната ситуација и руските закани треба што побрзо да се процесуира.
Листата вклучува противвоздушен ракетен систем со среден дострел, преносни противвоздушни ракети, систем за уништување микробранови и електронски системи за следење, како и многу оружје и воена опрема како уреди за ноќно гледање, надзорни камери, дигитални радија, системи за уништување мини и радарски станици.
Германските владини претставници одбиваат да ѝ испорачаат оружје на Украина, истакнувајќи дека смртоносно оружје нема да се испраќа во кризните и воени подрачја.
Германскиот канцелар Олаф Шолц утре ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, а на 10 февруари со лидерите на балтичките држави, по што ќе следуваат разговори во Киев и Москва.
По овие контакти се поставува прашањето дали ќе се промени ставот на германската Влада за испраќањето оружје во Украина.
Од друга страна, некои политичари во земјата заговараат давање оружје на Украина, а некои не.