Michael Gabriel Hernandez
14 Април 2023•Ажурирај: 15 Април 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Припадник на Националната гарда на американските воздухопловни сили, за кој постои сомнение дека предавал доверливи документи од Пентагон, е уапсен во Масачусетс, јавува Анадолу.
Полицајците го уапсија Џек Тексеира (21) во сојузната држава Масачусетс каде што служел војска, јавуваат медиумите.
Си-ен-ен емитуваше снимка од воздух на која се гледа како тешко вооружени агенти на ФБИ го приведуваат Тексеира.
ФБИ не го потврди апсењето.
Претходно „Њујорк тајмс“ објави дека водачот на онлајн групата преку која протекоа тајните документи на американската Влада е припадник на Националната гарда на Масачусетс.
„Њујорк тајмс“ разговараше со четворица членови на чет групата „Таг Шejкер Централ“, од кои еден рече дека го познава лицето, дека лично го сретнал.
„Њујорк тајмс“ објави дека водачот на групата е опишан како постар од младите момчиња и тинејџери што ја сочинувале групата и дека имал пристап до американските разузнавачки документи преку својата работа.