Alma Çekovic
10 Септември 2017•Ажурирај: 11 Септември 2017
ХУЧИТАН (AA) - Бројот на настрадани во земјотресот со јачина од 8.1 степени по Рихтер, кој во четвртокот пред полноќ го погоди Мексико, порасна на 90 лица, соопштија мексиканските власти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на владата соопшти дека само во југозападната сојузна држава Oaxaca загинале најмалку 71 лице.
Стотици семејства ноќта ја поминаа на отворено, стравувајќи од нови потреси.
Мексиканската сеизмолошка служба соопшти дека по силниот земјотрес, кој го осетиле околу 50 милиони лица, биле забележани уште 721 потреси на тлото.
Од Американскиот геолошки завод е потврдено дека епицентарот на земјотресот бил забележан во морето, на длабочина од 69,7 километри, 123 километри југозападно од мексиканскиот град Пихихиапан.
Мексико во 1985 година беше погоден од земјотрес со јачина од 8,1 степен кој однесе најмалку шест животи.
Источниот брег на Мексико во петокот исто така беше погоден од тропската бура Катја, а две лица загинаа во свлечишта по обилните врнежи.