Dildar Baykan
22 Април 2017•Ажурирај: 23 Април 2017
МЕКСИКО (АА) - Во Мексико, за еден месец се извршиле 2.020 убиства, јавува Anadolu Agency (AA).
Според официјалните податоци на мексиканската влада, низ земјата во март се пријавени 2.020 убиства.
Станува збор за најмногу убиства извршени во еден месец, откако постојат официјални записи. Околу 2.000 убиства во еден месец претходно беа забележани во 2011 година.
Во првиот квартал на 2017 година биле извршени 5.775 убиствата и тоа е најголем број во последните 20 години.