Ekip
19 Јануари 2019•Ажурирај: 20 Јануари 2019
ТЛАВЕЛИНЛПАН (AA) - Омар Фејад, гувернер на мексканската држава Хидалго, во сабота рече дека бројот на загинатите во екпслозија на нафтовод во центарално Мексико се зголеми на 66, додека 85 лица се водат за исчезнати, пренесува Anadolu Agency (AA).
Експлозијата на илегален нафтовод се случи во петок во малиот град Тлавелилпан, стотина километри од Мексико Сити, додека луѓето краделе гориво.
„Ова што се случи тука требаше да служи како пример за да целата нација се обедини во борбата која претседателот ја спроведува против оваа болест", рече Јорге Агилар Лопез, главен здравствен службеник во Тлавелилпан.
Трагедината се случи само три седмици откако новиот мексикански претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор покрена офанзива против банди кои се бават со грабежи кои бушеа нафтоводи и правеа илегални приклучоци за да извлечат гориво. Во првите десет месеци забележан е 12.581 илегален приклучок, што во просек е 42 дневно.
По трагедијата во Тлавелилпан веројатно ќе се интензивираат напорите во сузбивање илегални приклучоци и ќе се насочи вниманието на борбата против крадењето која годишно Мексико го чини околу три милијарди долари.