Ayşe Doğru
07 Декември 2019•Ажурирај: 08 Декември 2019
МЕКСИКО (АА) - Мексико соопшти дека ја откриле најголемата нафтена резерва во последните 30 години на нафтеното поле „Кески“ во мексиканската сојузна држава Табаско, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Октавио Ромеро, шеф на мексиканската државна нафтена компанија „Петролеос Мексиканос“ (Petroleos Mexicanos), соопшти дека во нафтеното поле во Мексиканскиот Залив е откриена нафтена резерва од околу 500 милиони барели.
Ромеро нагласи дека првото дупчење во Кески било извршено во јуни, и дека моментално се врши дневно производство на нафта од 4.500 барели.
Според него, во 2020 година на ова поле дневно ќе се произведува нафта од 69.000 барели, додека во 2021 година дневно ќе се произведува нафта од 110.000 барели и 11,61 милиони метри кубни природен гас.