Emre Aytekin
14 Ноември 2018•Ажурирај: 14 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Првата дама на САД, Меланија Трамп, наводно побарала заменик-советничката за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мира Рикардел, да биде разрешена од должност, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Меланија Трамп, Стефани Гришам, ги коментираше наводите за отпуштањето на Рикардел.
„Ставот на Кабинетот на првата дама на САД е дека таа повеќе не ја заслужува честа да работи во Белата куќа“, изјави Гришам.
Белата куќа сè уште не упати официјално соопштение за тоа дали Рикардел е разрешена од должност.
„Вол стрит журнал“ („Wall Street Journal“) во веста објавена вчера наведува дека за време на посетата на Меланија Трамп на Африка минатиот месец дошло до судир на нејзината екипа и Рикардел околу место во авионот.
Мира Рикардел е родена во Пасадена, а нејзиниот татко е со потекло од Бреза, Босна и Херцеговина.
Рикардел наводно претходно влегла во конфликт и со министерот за одбрана, Џим Матис, и другите соработници.