Ekipa
06 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
БЕРЛИН (АА) - Откако минатата недела потврди дека ќе бара нов мандат за местото германски канцелар, Ангела Меркел ќе се кандидира за нов двегодишен мандат на чело на нејзината партија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Христијанско-демократската унија (CDU) денес ќе одржи конгрес во Есен, која Меркел за претседателка ја избра првпат во 2000 година, на чие чело остана до денес.
Изминатите година и половина партијата претрпе чести превирања поради начиниот на кој Меркел се справуваше со мигрантската криза, што се одрази на слабиот изборен резултат на партијата.
Прашање е дали Меркел ќе може да го повтори резултатот од пред две години кога доби 96,7 отсто од гласовите на делегатите.
За германските медиуми изјави дека очекува фер резултат.
Христијанско-демократската унија значително ја наруши популарноста на десничарската парија Алтернатива за Германија (AfD), која е заговарник на анти-мигрантската политика.
Во „политичкиот судир” со Алтернатива за Германија, Меркел предложи заострување на правилата за азил, но остана на ставот дека Германија мора да остане отворена за бегалците.