Evren Aydemir
16 Декември 2017•Ажурирај: 16 Декември 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркал изјави дека не постои доволно солидарност во поглед распределба на одговорноста меѓу земјите членки на ЕУ во врска со прашањето за миграциите, јавува Anadolu Agency (AA).
По завршувањето на самитот на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел, Меркел во придружба на Емануел Макрон, на прес-конференцијата истакна дека земјите членки треба да преземат поголеми напори во врска со ова прашање.
Таа нагласи дека на самитот е донесена одлука дека ЕУ треба да го зголеми капацитетот на дејствување во заедницата но и на глобален план, додавајќи дека земјите членки заедно ќе дејствуваат и во областа на одбрана.
Таа објасни дека таквиот став не е насочен против НАТО, истакнувајќи дека споменатиот пристап всушност ја потполнува Алијансата.
Таа истакна дека за време на самитот на претставниците на земјите членки на ЕУ најмногу разговарале за борбата против илегалните миграции.
„Треба многу повеќе да работиме на овој план. Во некоу области треба да покажеме повисок степен на солидарност“, изјави Меркел.
Таа нагласи дека во ЕУ ќе бидат продолжени разговорите во насока јакнење на еврозоната, потсетувајќи дека во земјите членки повторно е забележан раст и поголем број на вработени.
На крајот истакна дека на самитот донеле одлука да се преминe на втората фаза на преговори за Брегзит која се однесува на условите на транцискиот период и изработка на рамките за идните односи на двете страни.
Самитот на лидерите на земјите членки на ЕУ кој започна во четврток беше завршен вчера. Учесниците на самитот дискутираа за голем број на прашања, вклучувајќи го Брегзит, миграциите, Кудс, Русија, одбрана како и социјалните и економски прашања.