Ekip
06 Декември 2019•Ажурирај: 06 Декември 2019
ОСВИЕЧИМ (AA) - Германската канцеларка Ангела Меркел дојде во прва посета на поранешниот кацистички контрационен логор Аушвиц, во кој во период од 1940 до 1945 година животот го загубија околу милион луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меркел донесе и донација од 60 милиони евра за Фондацијата која носи име по логорот.
Парите ќе бидат искористени за зачувување на физичките остатоци на оваа локација - касарните, стражарните кули и личните предмети, како чевли и кофери на убиените.
Заедно, тие предмети важат како докази на германските злосторства и како еден од најпрепознатливите светски симболи на злосторство врз човештвото.
Во придружба на полскиот премиер Матеус Моравиецки, Меркел посетата ја започна со посетата на кремеаториумот.
Меркел и Моравиецки ги посетија и местата на погубување, каде е оддадена почест на жртвите.
Донацијата следуваше, покрај 60-те милиони евра кои Германија ги донираше кога Фондацијата е основана пред десет години, соопштено е од музејот Аушвиц-Биркенау.
Тоа се вкупно 120 милиони евра донација на Германија што е највеќе меѓу 38-те земји кои дадоа свој придонес.
Откако стана канцеларка во 2005 година, Мркел оддаваше почит во други нацистички концетациони логори, а пет пати беше и во израелскиот музеј на холокаустот и спомениците на Јад Вашем.
Сепак, полското Министерство за надворешни работи ја нарече нејзината посета „историска".
Нацистичките германски сили убија околу 1,1 милиони луѓе во комплексот Аушвиц-Биркенау во текот на нивната окупација на Полска во текот на Втората светска војна.
Повеќето жртви беа Евреи, превезувани од цела Европа за да бидат убиени во плински комори. Но, тука се убиени и десетици илјади други, вклучувајќи Полјаци, советски воени заробеници и Роми.
Логорот на југот на Полска околу 70 километри од Краков, кој првобитно беше замислен како затвор за полските политички затвореници, го ослободи Црвената армија на 27 јануари во 1945 година. Логорот Аушвиц во 1947 година со одлуката на полскиот парламент стекна статус на државен музеј и единствено е такво место кое се најде на списокот на светското наследство на УНЕСКО.