Bahattin Gönültaş
19 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
БЕРЛИН
Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека до средината на јули ќе продолжат преговорите во врска со фондот за закрепнување кој ќе биде формиран од страна на Европската унија (ЕУ) со цел олеснување на кризата предизвикана од новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Меркел имаше обраќање на прес-конференцијата во Берлин по состанокот одржан преку видео-конференција со лидерите на земјите членки на ЕУ.
Таа рече дека меѓу лидерите на ЕУ постои критики во врска со обемот на фондот за закрепнување на ЕУ кој е планиран да биде во вредност од 750 милијарди евра, и додаде: „Но немаше критики во врска со структурата на фондот“.
Германската канцеларка нагласи дека кредитите земени за финансирање на овој фонд, треба да бидат отплатени во рамки на седум годишен буџетен план, и дека до средината на јули ќе продолжат преговорите во врска со овој фонд.
Меркел истакна дека лидерите на ЕУ не разговарале за итните планови во врска со Брегзит, и дека наеесен ќе биде потребен договор меѓу Велика Британија и ЕУ во врска со Брегзит.
Таа додаде дека лидерите на ЕУ постигнале договор за продолжување на санкците против Русија за шест месеци.