Ekipa
02 Јуни 2017•Ажурирај: 03 Јуни 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека одлуката на претседателот Доналд Трамп дека САД ќе се повлечат од климатскиот договор во Париз, не може и нема да ги запре сите оние што чувствуваат обврска да ја заштититат планетата, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел за медиумите изјави дека објавата на Трамп во врска со одлуката е навистина за жалење и додаде: „Потребно е да погледнеме напред по синоќешната објава на американската администрација“.
Меркел изјави дека Германија ќе ги здружи силите со другите земји поодлучно од кога било досега, за да се прифатат големите предизвици за човештвото, како што се климатските промени.
Таа додаде дека договорот од Париз треба да се одржи, и дека никој и ништо нема да ги спречи во тоа.