Erbil Başay
29 Август 2019•Ажурирај: 30 Август 2019
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел истакна дека Турција навистина прифати голем број бегалци“, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел, по средбата со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во главниот град Берлин одржа заедничка прес-конференција.
Германската канцеларка, истакнувајќи дека за време на летото, особено во август, бројот на бегалците е зголемен, рече дека со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, постојано разговараат за договорот за бегалци помеѓу Турција и Европската Унија (ЕУ).
„Постојано ќе разговараме со Турција за тоа каква помош е потребна, бидејќи Турција навистина прифати голем број бегалци“, нагласи канцеларката Меркел.
Меркел, истакнувајќи дека Германија и Грција се за договорот помеѓу Турција и ЕУ, рече дека е потребно да се мобилизираат механизмите од договорот.
- Нуклеарен договор со Иран
Германската кацеларка рече дека Германија била вклучена во сите преговори за продолжување на нуклеарниот договор со Иран и истакна дека прашањето е многу чувствително и дека со правење шпекулации не сака да наштети.
Меркел, исто така, рече дека сакаат да ги подобрат трговските односи со Грција.
Грчкиот премиер Мицотакис, потсетувајќи дека во последните месеци е зголемен бројот на бегалците што доаѓаат во Грција, нагласи: „Ние би сакале да видиме дека овој договор (договорот меѓу ЕУ и Турција) обезбедува бенефиции и за двете страни.“
Мицотакис изјави дека бегалците треба да бидат вратени назад во Турција. Тој рече дека во Грција треба да се подобрат условите за бегалците и дека во камповите треба да бидат обезбедени хуманитарни услови.
Грчкиот премиер, исто така, рече дека очекуваат помош од Германија за заштита на надворешните граници на ЕУ.
Тој, повикувајќи ги земјите од ЕУ да покажат солидарност со бегалците, наведе дека некои земји имаат корист од Шенгенскиот договор, но не се вклучуваат за решавање на проблемот со бегалците.
- Барање за обештетување од Германија
Мицотакис, во однос на барањето на Грција за обештетување од Германија за штетата предизвикана од нацистите во Втората светска војна, нагласи: „Тоа навистина е тешко прашање. Грците се многу чувствителни кон тоа прашање.“
Потсетувајќи дека Грчкиот парламент дал вербална нота на Германија, Мицотакис истакна дека во нотата се бара да се преговара за тоа прашање и дека се надева оти Германија ќе реагира позитивно.