Ekip
13 Јануари 2019•Ажурирај: 15 Јануари 2019
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка Тереза Меј ги замоли законодавците да го прифатат нејзиниот Договор за напуштање на Европската Унија, предупредувајќи дека е во прашање вербата во демократијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во статијата објавена во „Сандеј експрес“ (The Sunday Express), во пресрет на гласањето во Парламентот оваа недела, Меј ги повика законодавците да ја направат вистинската работа за земјата, бидејќи одбивањето на волјата на народот би било катастрофално и непростливо кршење на довербата во нивната економија.
Меј го повика Парламентот да го поддржи нејзиниот Договор за напуштање на ЕУ, за Велика Британија на 29 март да не ја напушти ЕУ без договор за условите на напуштање.
На барање на Меј, одобрено е гласањето во Парламентот за напуштање на ЕУ во средината на декември, кога беше јасно дека законодавците ќе го одбијат Договорот за напуштање на ЕУ (Брегзит), но мерките на компромис, ги оставија незадоволни и проевропските и политичарите кои го поддржуваат Брегзит.