Fahri Aksüt
05 Февруари 2020•Ажурирај: 05 Февруари 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Најмалку тројца цивили, вклучувајќи две деца, се убиени во напад што во Триполи го извршија силите лојални на командантот Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија соопшти дека сепаратистичките милитанти на Хафтар извршиле нов напад на населбата во јужниот дел на Триполи.
Во соопштението се наведува дека во нападот се убиени тројца цивили, вклучувајќи две деца, а дека се ранети уште четири лица.
Сепаратистите на Хафтар од источниот дел на Либија ги продолжуваат нападите на Триполи и ги занемаруваат заклучоците од Берлинската конференција на која на 19 јануари е постигната согласност за воспоставување трајно примирје и политички дијалог во Либија.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза од 2011 година, кога беше убиен Моамер Гадафи. Оттогаш се води борба за доминација меѓу ривалските табори со седиште во Триполи и Тобрук.
Нелегитимните сили предводени од Калифа Хафтар во април минатата година започнаа напад на Триполи, каде што се наоѓа седиштето на меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија, на чие чело е Фајез ал Сараџ.