Firdevs Bulut
29 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
ТРИПОЛИ
Силите лојални на воениот лидер Калифа Хафтар утринава извршија ракетен напад врз теренската болница во либискиот град Триполи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Војската на Владата за национално единство на Либија соопшти дека милитантите со најмалку шест ракети извршиле напад врз болницата, која се наоѓа во јужниот дел на Триполи.
Во нападот е предизвикана голема штета врз болницата и амбулантите.
Во сооопштението се додава дека милитантите постојано извршуваат напади врз болниците и здравствениот персонал.
Во видеопорака објавена во понеделникот, Хафтар еднострано се прогласи за лидер на Либија.
Укажувајќи на уличните демонстрации во областите под негова контрола, тој истакна дека „го прифатил мандатот на либискиот народ“ да управува со земјата.
Тој рече дека политичкиот договор „Сухејрат“ потпишан во 2015 година од страна на завојуваните страни во Либија, под покровителство на ОН, е „нешто од минатото“.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога од власта беше соборен и убиен Муамер ал Гадафи. Владата на национално единство на Либија со седиште во Триполи има поддршка од ОН и меѓународната заедница, додека Хафтар од Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои претежно се поддржани од Египет и Обединетите Арапски Емирати.