Adham Kako
01 Август 2019•Ажурирај: 02 Август 2019
АНКАРА
Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека минатиот месец во нападите врз цивилните населби во Сирија, главно изведени од страна на силите на режимот на Асад, убиени се 433 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот што СНХР го подготви во врска со цивилните жртви се наведува дека во јули се убиени 433 цивили, од кои 64 жени и 119 деца.
Војската на режимот на Асад и странските терористички групи поддржани од Иран во јули изведоа напади во кои се убиени 211 цивили. Од нив 32 жени, а 65 деца.
Во нападите што ги изведе Русија, поддржувачот на режимот на Асад, животот го загубија вкупно 107 цивили, од кои 18 жени и 19 деца. Со овие податоци, вкупната бројка на цивили убиени од страна на силите на режимот на Асад и Русија изнесува 318 цивили.
- Од измачувања починаа 28 цивили
Терористичката организација ЈПГ/ПКК во јули е одговорна за смртта на 8 цивили, од кои 2 деца, додека вооружената опозиција и вооружените групи против режимот усмртија двајца цивили.
Во нападите на Меѓународните коалициски сили против ДЕАШ во јули животот го загуби еден цивил, а во нападите за кои засега не е идентификуван напаѓачот, животот го загубија 104 цивили, од кои 14 жени, 33 деца.
Изминатиот месец во нападите на режимот и Русија меѓу цивилите што ги загубија своите животи се наоѓаат и петмина здравствени работници. Во нападите на руските воени авиони загинаа и 3 лица на должност во Цивилната заштита („Бели шлемови“).
Во јули 28 лица починаа од измачување. Силите на режимот со измачување убија 25 лица, додека 3 лица починаа од измачувањата што ги спроведе терористичката организација ЈПГ/ПКК.