Kasım İleri
22 Јуни 2022•Ажурирај: 22 Јуни 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот министер за правда, Мерик Гарланд, се сретна со украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова на границата меѓу Украина и Полска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, на дневната прес-конференција соопшти дека министерот за правда, Гарланд, отпатувал во Полска и бил придружуван од Бет ван Шаак, претставничка за кривично право на Стејт департментот.
Прајс истакна дека Гарланд се сретнал со украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова на границата меѓу Полска и Украина.
Тој додаде дека разговарале за „наводните воени злосторства во Украина“ и „другите прекршувања на човековите права“ од страна на Русија.
Како што рече Прајс, Мерик и Венедиктова се сретнале и со членовите на Советодавната група за одговорност за бруталните злосторства формирана од САД, Обединетото Кралство и Европската Унија.
„Посетата на Гарланд испраќа јасна порака [на Русија] дека нема каде да се крие. Ние и нашите партнери ќе направиме сѐ што е можно одговорните за овие злосторства да одговараат“, истакна Прајс.