Ata Ufuk Şeker
15 Јуни 2017•Ажурирај: 16 Јуни 2017
БРИСЕЛ (АА) - Со претходната одлука на ЕУ и одобрението од Европскиот парламент, сите мобилни оператори во Европската Унија од денес веќе не им ги наплаќаат на претплатниците услугите за роаминг, јавува Anadolu Agency (AA).
Така од денес, сите претплатници на операторите од земјите на ЕУ можат да ги користат своите мобилни телефони и надвор од својата матична мрежа по истите цени кои ги договориле со својот оператор за користење во својата земја.
Европските институции договорија лимит-цени кои операторите можат меѓусебно да ги наплаќаат за услугите во роаминг. Така, цената за гласовните пораки од денес ќе може најмногу да изнесува 3,2 центи, а за СМС 1 цент.
Што се однесува до сообраќајот на податоци, договорено е постепено намалување за престојниот петгодишен период. Од денес, за еден гигабајт ќе се наплатуваат најмногу 7,7 евра, а со постепеното намалување до 2022 година цената ќе падне на 2,5 евра.
Договорот за големопродажните цени не беше лесно да се постигне бидејќи постојат различни интереси на земјите членки, а преговорите траеја 10 години.