Ata Ufuk Şeker
15 Јули 2019•Ажурирај: 16 Јули 2019
БЕРЛИН (АА) - По повод третата годишнина од спречувањето на воениот удар во Турција, властите на Европската Унија порачаа дека е несомнена солидарноста со турскиот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефовите на дипломатијата на членките на ЕУ денес ќе одржат седница на Советот за надворешни работи на ЕУ, а во пресрет на таа седница на новинарите им се обрати високата комесарка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
Могерини истакна дека телефонски разговарала со турскиот колега, Мевлут Чавушоглу, за активностите на Турција во источниот дел на Медитеранот.
„Разговорот го започнав со порака и понатаму да се солидаризираме со турскиот народ. Денес е трета годишнина од обидот за воен удар и сите многу добро се сеќаваме на тој ден и таа ноќ. Нашата солидарност со турскиот народ е несомнена“, порача Могерини.
Могерини изјави дека Советот за надворешни работи на ЕУ на денешната седница ќе разговара и за иранското нуклеарно прашање, миграциите и ситуацијата во Либија и другите африкански земји.