Emel Öz Gözellik
30 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Премиерот на Малезија, Махатир Мухамед, истакна дека е можно повторно да започне потрагата по авионот на малезиската авиокомпанија, кој исчезна во 2014 година за време на летот од Куала Лумпур кон Пекинг, во случај да дојдат до каква било информација околу тоа, јавува Anadolu Agency (AA).
Мухамед на прес-конференција нагласи дека е можно повторно да започнат потрага во случај да дојдат до одредена информација.
Изразувајќи жалење поради запирањето на активностите за пребарување, Мухамед рече дека може да разбере што чувствуваат блиските на жртвите, но дека пребарувањата не можат да продолжат засекогаш.
Малезискиот авион кој патуваше од Куала Лумпур кон Пекинг, со 227 патници и 12 членови на екипажот, исчезна на 8 март 2014 година.