Muhammet Nazım Taşcı
20 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Обилните монсунски дождови во Индија нанесоа штета на историската џамија стара околу 200 години во индискиот главен град Њу Делхи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џамијата Мубарек Бегум која има три куполи, е изградена во 1823 година во подрачето на Старо Делхи во индискиот главен град, додека поројните дождови и молњите нанесоа штета на главната купола на џамијата.
Имамот на оваа џамија, Мухамед Захид, во изјава за АА истакна дека куполата на џамијата била срушена утрово.
Надлежните вршат инспекција за откивање на штетите во џамијата.
Голем број луѓе на социјалните мрежи изразија жалење поради оштетувањето на историската џамија и упатија апел до надлежните да ги преземат потребните чекори за нејзино репарирање.
Како резултат на поројните дождови, за викендот во Њу Делхи загинаа две лица, а оштетени се голем број домови.