Elena Teslova
12 Април 2025•Ажурирај: 13 Април 2025
МОСКВА (АА) — Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко, денеска ги отфрли тврдењата на Киев дека кинески државјани се борат на страната на руската армија во Украина, нарекувајќи ги „целосно неточни“, јавува Анадолу.
„Можам да кажам дека ова е, благо кажано, целосно невистинито,“ изјави Руденко за руската државна новинска агенција Тасс, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој нагласи дека Кина има „многу урамнотежена и проверена позиција“ во однос на решавањето на конфликтот во Украина.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, во четвртокот ги негираше изјавите на украинскиот претседател Владимир Зеленски за учество на кинеската војска во конфликтот меѓу Русија и Украина.
Тој ги повика „релевантните страни“ да ја препознаат улогата на Кина „правилно и трезвено“ и да се воздржат од, како што рече, „неодговорни изјави“.