Ekipa
09 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
МОСКВА (АА) - Два израелски авиони F-15 извршија напад врз сириска воздушна база во покраината Хомс, соопшти денес Министерството за одбрана на Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Два авиони F-15, кои им припаѓаат на израелските воздушни сили, денес од либанска териорија испалија осум ракети врз воздушната база Тијас. Две ракети доспеале до западниот дел на аеродромот, а пет се соборени од сириските воздушни сили“, соопшти руското министерство.
Сирискиот обсерваториум за човекови права претходно соопшти дека во воздушните напади загинале 14 лица, меѓу кои и ирански државјани.
Нападот врз воздушната база на сириската Воена авијација, T4, го потврди и сирискиот режим. Сириската новинска агенција (SANA) јавува дека нападот се случил во четири часот изутрина по локално време, и дека во него загинале и биле повредени неколку лица.