Diyar Güldoğan
24 Февруари 2017•Ажурирај: 25 Февруари 2017
МОСКВА (АА) - Виталиј Чуркин Иванович, поранешен постојан претставник на Русија во ОН, беше денеска погребан во Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
Семејството на Чуркин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и персоналот на Министерството, присуствуваше на комеморацијата за поранешниот дипломат во Централниот Клинички центар во Москва.
„Чуркин ненадејно почина во Њујорк на 20 февруари, еден ден пред 65-от роденден", се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.
Од Кремљ во вторникот објави дека претседателот Владимир Путин потпиша извршна наредба со која на Чуркин ќе му се додели „Орден за храброст".
Чуркин беше руски амбасадор во ОН од април 2006 година.