Emre Gürkan Abay
06 Мај 2018•Ажурирај: 07 Мај 2018
МОСКВА (АA) - Вчера уапсениот руски опозиционер и основач на Фондот за корупција, Алексеј Навални, денес е пуштен од притвор во Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
Навални на социјалните мрежи напиша дека бил обвинет за кршење на процедурите за организирање протести и за пружање отпор кон полицијата.
Првото рочиште од судењето на Навални најавено е за 11 мај.
Во пресрет на утрешната инаугурација на Путин за претседател на Руската Федерација, во бројни руски градови вчера беа организирани антивладини протести на кои беа приведени најмалку 1.500 демонстранти.
Меѓу притворените беше и организаторот на протестите Навални.