İdris Okuducu
27 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
МОСУЛ (АА) – Четириесет и тројца цивили загинаа во нападите на воените авиони на меѓународната коалиција, извршени синоќа, врз двете упоришта на терористичката организација ДЕАШ во западниот дела на Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван ирачки официјален претставник за АА тврди дека во нападот врз упориштето на ДЕАШ во Баб Синџар загинаа 23, а 20 цивили загинаа во нападот во Ал-Taвафа во западен Мосул.
Официјалниот претставник изјави дека во нападот врз упориштето на Баб Синџар загинаа 23 цивили, меѓу кои и жени и деца.
Тој додаде дека веднаш потоа следувал нападот врз упориштето во Ал-Taвафа. Според неговите зборови, во тој воздушен напад загинаа 20 луѓе.
Ирачката војска или меѓународната коалиција сѐ уште не дале соопштение во врска со нападите.
Во воздушниот напад од минатата недела, кој меѓународната коалиција по грешка го изврши во регионот Ал-Џадид во Мосул, беа убиени повеќе од 200 цивили.