Ömer Faruk Yıldız
12 Април 2021•Ажурирај: 13 Април 2021
КУАЛА ЛУМПУР
Најмалку 706 лица се убиени за време на демонстрациите во Мјанмар, што започнаа откако на 1 февруари во таа земја е извршен воен удар, се потврдува од Здружението за помош на политичките затвореници (AAPP), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во дневниот извештај на Здружението за помош на политичките затвореници (AAPP) се наведува дека во изминатите 24 часа починале пет лица. Забележано е дека вкупниот број на убиени се зголемил на 706, а приведени се 3.059 лица.
Се истакнува дека е издаден налог за приведување на 657 лица кои се противат на воениот пуч.
Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич солушнс“ (Fitch Solutions) предвидува дека мјанмарската економија ќе се намали за 20 отсто како последица на демонстрациите, а Светската банка во својот извештај од 26 март објави дека економијата на Мјанмар оваа година би можела да се намали за 10 отсто.
Мјанмарската Војска на 1 февруари оваа година изврши удар и ја презеде власта во земјата под изговор дека ноемвриските избори биле нерегуларни. Војската прогласи едногодишна вонредна состојба и ги уапси челниците на Владата, вклучувајќи ја мјанмарската лидерка Аунг Сан Су Чу.
Масовните протести против воениот удар започнаа на 6 февруари.