Ekip
03 Јануари 2022•Ажурирај: 05 Јануари 2022
БАГДАД
Две вооружени беспилотни летала се соборени денес на аеродромот во Багдад, изјави официјален претставник на коалицијата предводена од САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Официјалниот претставник на меѓународната коалиција предводена од САД, што се бори против терористичката организација ДЕАШ, изјави дека ова бил опасен напад на цивилен аеродром.
Изворот, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека системите за противвоздушна одбрана пресретнале две беспилотни летала наполнети со експлозив.
Нема повредени, а не е причинета ниту материјална штета.
Нападот се совпадна со втората годишнина од атентатот во кој беа убиени командантот на елитниот одред на Иранската револуционерна гарда, Касем Сулејмани, и заменик-командантот на ирачкото движење „Хашд ал Шаби“, Абу Махди ал Мухандис.