Adel Ömeragiç
23 Март 2016•Ажурирај: 23 Март 2016
ПОДГОРИЦА ( АА ) – По повод 24ти март, ден кога пактот на НАТО 1999 год. почна со бомбардирање на СР Југославија, утре во Подгорица ќе биде одржан протест против членство на Црна Гора во Алијансата, јавува Anadolu Agency (AA).
“Одбележувајќи ја годишнината на агресија над СР Југославија, не ни е целта само да оддадеме спомен на невините жртви, и да се сетиме на иживувањето над материјалните добра создадени од генерацијата на нашите предци, туку и да укажеме на фактот дека некои моќни држави од овој сојуз, поради своите практикуларни интереси се спремни да го погазат меѓународното право и правилата кои продолжуваат да ги прогласуваат “ , изјави потпретседателот на Нова српска демократија, Славен Радуновиќ.
Тој порача дека на утрешниот собир “ треба да се потсетиме како беше пред 17 години, но дека таквата опасност отсекогаш постоела, поради тоа што интересите на големите сили ги утврдуваат движењата во светот”. “
Треба добро да размислиме дали ние како мета на државата треба да се мешаме во големиот бизнис, и да ги ставаме граѓаните на Црна Гора во тешка ситуација, па да не стават можеби и нас еден ден терористите на нивната листа , и во Подгорица да гледаме такви сцени какви беа вчера во Брисел “ изјави Радуновиќ.
Тој соопшти дека за утрешниот собир предвидено е обраќање кон преставниците на политичките партии, воените ветерани и невладините организации. Ќе биде прикажан филм како изгледаше бомбардирањето во Југославија, а исто така ќе биде прочитана и листата со имиња на жртвите од Црна Гора во тоа време. Собирот ќе се одржи во 20:00 h на плоштадот на Републиката.