Aldıjana Hadzıc
11 Март 2016•Ажурирај: 12 Март 2016
САРАЕВО (AA) - Меѓу историските настани кои се случија на денешен ден, издвојуваме:
1702. - Велика Британија го доби првиот национален дневен весник, 'Daily Courant'. Весникот излегуваше до 1735 година.
1851. - Во Венеција за прв пат е изведена операта на Верди "Риголето".
1927. - Американскиот 'шоумен' Самуел Рокси Ротхафел во Њујорк ја отвори 'Roxy Theatre'. Театарот е затворен и урнат 1960 година.
1941. - Американскиот претседател Френклин Рузвелт го потпиша т.н. "Lend-Lease" закон со кој е овозможено да се продава на кредит американската воена опрема на сојузниците. Се проценува дека до крај на II светска војна на сојузниците им е испорача опрема во вредност од околу 700 милијарди денешни долари.
1972. - Роден е актерот и тв водителот Тарик Филиповиќ.
1978.- Роден е фудбалерот Дидиер Дрогба.
2004. - Терористичката организација Ал-Каида изведе бомбашки напади на железницата во Мадрид, во кои загинаа најмалку 170, а ранети се повеќе од две илјади луѓе. Овие напади се сметаат за едни од најголемите терористички напади на подрачјето на Европа.
2006. - Во притвор во Хаг почина поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, кој се наоѓаше на судење за злосторства направени на просторот на поранешна Југославија.
2012. - Со седиште во Сараево, отворен е сервис на Anadolu Agency (AA) на босански, српски и хрватски јазик (БХС). По едногодишниот сервис без надоместок, АА го комерцијализираше сервисот на БХС и денес тој има повеќе од 100 претплатници, меѓу кои се наоѓаат најзначајните регионални медиуми.