Kemal Zorlak
16 Април 2016•Ажурирај: 17 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1818.- Сенатот на САД го ратификува договорот Рус-Багот при што е одредена границата со Канада.
1889.- Роден е Чарли Чаплин, британскиот комичар и режисер.
1910.- По прв пат е отворена најстарата затворена арена за хокеј на мраз која и денес се користи. Отворена е во Бостон со име Метјуз арена.
1917.- Лењин се враќа во Русија по десетгодишно бегство во Швајцарија.
1939.- Роден е хрватскиот глумец Борис Дворник.
1939.- Роден е ромскиот пеач и текстописец Шабан Бајрамовиќ.
1993.- Припадниците на Хрватскиот совет за одбрана (ХСО) во селото Ахмиќи извршија воено злосторство против босанските цивили. Меѓу 116 убиени лица, беа 32 жени и 11 малолетници.
1988.- Во Тунис е убиен Ќалил Вазир, познат како Абу Џихад, воен командант на Палестинската ослободителна организација.
2002.- Холандската влада и градоначалникот на Генералштабот на холандската војска, поднесоа оставки, по официјалниот холандски извештај за Сребреница, во кој е оценето дека холандските мировни трупи и ОН носат дел од одговорсноста за пад на енклавата, во јули 1995 год., во рацете на Војската на Република Србија и геноцидот над повеќе од осум илјади Бошњаци.
2012.- Почна судењето на Андрес Веринг Брејвик во Осло, Норвешка. Тој е осуден на 21 година затвор за убиство на 69 лица на островот Утоја.